
Само три состојки и мувлата ќе исчезне.
Мувлата во бањата е чест проблем поради висока влажност и лоша вентилација. Бањите се идеална средина за раст на мувла, најчесто на ѕидови, тавани, околу тушеви или во споеви на плочки.
Освен што изгледа грдо, мувлата може да предизвика алергии, респираторни проблеми и иритација на кожата. Но, можете да ја отстраните мувлата со природна мешавина од неколку состојки.
Потребни се само три состојки:
- сода бикарбона
- водород
- течен детергент за миење садови.
За да го подготвите растворот, измешајте една чаша сода бикарбона , половина чаша водород пероксид и една лажица течен детергент за миење садови.
Натопете сунѓер во растворот и нанесете го на местата каде што има мувла. Оставете го да делува околу 20 минути. Потоа, измијте го и истријте го местото.
Содата бикарбона помага во елиминирањето на мувлата со промена на нивото на pH вредност, создавајќи алкална средина во која мувлата не може да расте. Исто така, делува како благ абразив при триење.
Водородот делува како оксидирачки агенс, ослободувајќи кислород кој ги разградува клетките на мувлата.
На овој начин брзо ќе се ослободите од црните дамки од бањата.