
Скандинавските кул шишки се новиот моден додаток за пролет 2026 година. Дознајте како познатите ѕвезди ги носат и како можете да ги вклопите во вашиот стил.
Откако ѕвезди како Лили Ален, Дакота Џонсон и Сабрина Карпентер ја одбележаа 2025 година со нивните препознатливи шишки, јасно е дека овој тренд нема да исчезне.
Иако нема недостаток на инспирација, се предвидува дека таканаречените „скандинавски кул“ шишки ќе доминираат во 2026 година, пишува Stylist.

Што се „скандинавски кул“ шишки?
Иси Чарчер, креативен директор на Style Salon, објаснува дека „скандинавските кул“ шишки се слични на популарните „шишки во француски стил“, но со порелаксиран, лежерен изглед.

„Скандинавските жени ги популаризираа шишките на два начина оваа сезона: како микро-шишки или како верзија што ги допира трепките“, вели таа. „И двата стила ја делат истата нордиска естетика – тие се лежерни, самоуверени и кул.

Тие можат да ѝ дадат на вашата коса свеж изглед за свеченостите на крајот од годината. Сметајте ги шишките како ваш нов додаток за секоја забава.“

За разлика од посуптилните”ghost bangs” кои беа популарни минатата година, „скандинавските кул“ шишки се похрабри и оставаат посилен впечаток. Тие исто така ја носат естетиката на трендот за кратка коса што доминираше оваа зима, но без да мора да ја жртвувате целокупната должина на косата. Звучи како совршена комбинација, нели?