
Постојат многу намирници на растителна основа кои содржат повеќе протеини од јајцата, а покрај тоа што се супер здрави и евтини, некои од нив не бараат посебна подготовка и се многу практични.
Јајцата се омилена храна за појадок бидејќи се заситувачки, главно поради нивната висока содржина на протеини. Едно големо јајце содржи 7-8 грама висококвалитетни протеини и е богато со бројни хранливи материи кои се корисни за нормалното функционирање на телото, но добро е познато дека многу семки не само што можат да се натпреваруваат со јајцата, туку нудат и повеќе!Значи, во само 28 грама, семките од тиква имаат 8 грама протеини, колку што содржи едно цело големо јајце, со тежина од околу 56-64 грама!
Семките од тиква се исто така богати со магнезиум, цинк и железо, хранливи материи кои се неопходни за квалитетен сон, имунитет и производство на енергија. Покрај тоа, овие семиња се богати и со антиоксиданси и здрави масти, важни за кардиоваскуларното здравје и борбата против воспалението.Голема предност на семките од тиква е што можат да се користат како здрава ужина помеѓу оброците, а секогаш се корисен додаток на појадокот. Затоа нивното додавање во овесна каша ќе ве направи поенергични и ќе останете сити подолго!
Семки од тиква против „лош“ холестерол
Доколку избегнувате јајца затоа што имате проблем со висок холестерол, овие семки се одлична замена затоа што имаат состојки кои помагаат и кај тој проблем.
- Семките од тиква содржат соединение фитостерол, кое е многу ефикасно во намалувањето на LDL холестеролот – објасни д-р Кетрин Басфорд од британската клиника ZAVA.
Неколку научни студии ги потврдија корисните ефекти од консумирањето семки од тиква кај пациенти со високо ниво на холестерол, а една од нив, објавена во 2012 година, истражуваше како суплементацијата базирана на семки од тиква влијае на лабораториски стаорци со висок холестерол.Стаорците беа поделени во две групи: нормална контролна група и група животни со тенденција да формираат атеросклеротични плаки врз основа на атерогена исхрана. За време на 37-дневната студија, стаорците од втората група кои консумирале додатоци од семки од тиква значително го намалиле нивото на вкупен холестерол и LDL холестерол.
Фитостеролите делуваат така што ја спречуваат апсорпцијата на холестерол во цревата, но тие треба да се користат и со претпазливост бидејќи истражувањата покажаа дека нивното прекумерно внесување во подолг временски период може да предизвика промени во мембраните на црвените крвни зрнца. Сепак, потребни се понатамошни истражувања на оваа тема.