
Иако Кока-Кола е присутна во речиси секоја земја, бројни земји и претприемачи развија свои верзии на кола кои се издвојуваат со своите локални состојки и локален идентитет.
Сè започна на 8 мај 1886 година, кога американскиот фармацевт Џон Стит Пембертон ја создаде формулата за пијалокот што подоцна ќе стане Кока-Кола. Оттогаш, овој бренд прерасна во глобален симбол на безалкохолни пијалоци, но поединечните пазари создадоа своја верзија на овој пијалок.
Меѓу најпознатите алтернативи е чешката Кофола, создадена за време на Студената војна во тогашна Чехословачка. Пијалокот е развиен од државата со цел домашната индустрија да понуди одговор на колите од капиталистичкиот Запад. Направен е од тајна мешавина од 14 растителни и овошни екстракти, содржи 30 проценти помалку шеќер од Кока-Кола и не содржи фосфорна киселина. Нивниот слоган е: „Љубовта е во ДНК-та на Кофола“.
Кокта има слична историја, бидејќи е создадена во 1952 година од Емерик Зелинка, професор по хемија на Универзитетот во Љубљана, во тогашна Југославија. Денес, се продава во 18 земји, вклучувајќи ги и САД, и е познатa по својата мешавина од 11 билки и зачини без кофеин.
CNN наведува други верзии на Кока-Кола од целиот свет: нигериската Охаја Кола, аргентинската Канингтон Кола, јапонската Тоба Тоба Кола, канадската Брио Чиното, австралиската Боби и британската Салам Кола.
Некои од овие брендови нагласуваат локални состојки, додека други се потпираат на поздрав пристап со помалку шеќери и калории.