
Многу луѓе го сакаат овој цвет, но е отровен.
Многу луѓе одгледуваат олеандер во своите дворови поради неговите прекрасни цвеќиња и убавина, но малкумина знаат дека ова растение е едно од најотровните во светот. Олеандерот е зимзелена грмушка со цветови во облик на ѕвезда што цвета речиси цела година. Иако е исклучително декоративен, сите делови од растението се отровни – лисја, цветови, стебла, па дури и коренот.
Опасности од олеандерот
- Содржи кардиотонични гликозиди, хемиски супстанции кои можат да предизвикаат сериозни нарушувања на срцевиот ритам.
- Контактот со кожата може да предизвика иритација, чешање, црвенило и осип.
- Вдишувањето чад од горење на олеандер може да доведе до акутно труење.
- Кај децата, еден лист може да биде фатален!
Симптомите на труење со олеандер вклучуваат: гадење, повраќање, брз или бавен пулс, слабост, конфузија, па дури и смрт во тешки случаи.
Ако имате кучиња, мачки или мали деца, никогаш не садете олеандер во нивна близина. Голтањето дури и мали количини може да предизвика сериозни последици, вклучително и итна хоспитализација.
Како безбедно да се грижите за олеандерот?
Ако сè уште го сакате во вашата градина, носете заштитни ракавици и облека при садење, кастрење и пресадување. Никогаш не ги горете неговите гранки! Обавезно измијте ги рацете по контакт со растението.
Наводнувајте го олеандерот кога почвата е сува. Кастрете го на есен за да го поттикнете цветањето и да ја одржите неговата форма.
Подмладете ги постарите грмушки од олеандер со отсекување на најдебелите гранки.