Пејачката синоќа тајно се омажи! На малата свадба на Мајли Сајрус присуствуваше само нејзиниот најтесен круг на луѓе.

popara22 ноември, 202610min00
Мајли Сајрус

Пејачката Мајли Сајрус се омажи за музичарот Макс Морандо. Двојката стапи во брак во саботата, на 21 ноември, за време на мала церемонија во Палм Спрингс, во дом што некогаш му припаѓал на легендарниот Френк Синатра.

На свадбата присуствуваа членови на најтесното семејство, вклучувајќи ги родителите на пејачката, Тиш и Били Реј Сајрус, како и нејзината сестра Ноа. На прославата беа присутни и блиски пријатели.

Мајли Сајрус и Макс Морандо се во врска од 2021 година, а минатата година се свршија. Мајли претходно откри дека не ја очекувала понудата за брак и дека нејзиниот партнер целосно ја изненадил.

Минатиот месец, Морандо ѝ се придружи на сцената за време на нејзиниот настап во „Холивуд Боул“. Тогаш тие заедно ја изведоа песната „Let’s Get Married“ („Ајде да се венчаме“), што дополнително ги поттикна гласините дека двојката наскоро би можела да стапи во брак.

Како што се испостави, шпекулациите беа точни; двојката – и двајцата музичари – ја крунисаа својата љубов со брак во интимна атмосфера, опкружени со своите најблиски, пренесува TMZ.

Ова е втор брак за Мајли Сајрус. Пејачката претходно беше во брак со актерот Лијам Хемсворт, за кого се омажи во 2018 година.

Сепак, нивниот брак не траеше долго. Во август 2019 година, Хемсворт поднесе барање за развод, само неколку дена откако двојката јавно објави дека се разделуваат. Бидејќи имаа предбрачен договор, разводот беше завршен без долги судски постапки.