Подгответе вкусна тестенина со зеленчук: Со само неколку состојки ќе имате посебен оброк

popara6 ноември, 20261min00
b_261105289

Тестенините со брокула и лимон се подготвуваат со само неколку состојки; бидејќи брокулата и тестенините се варат во иста вода, ова е идеално јадење за напорните работни денови.
Кога ќе ви снема идеи за вечера, понекогаш е најдобро да побарате инспирација од докажани готвачи. Еден рецепт што им се допаѓа и на возрасните и на децата се тестенините со брокула (се користат фарфале, односно тестенини во форма на панделки) од познатата американска готвачка Ајна Гартен, пренесува Simply Recipes.

Во ова јадење, брокулата има исто толку важна улога како и тестенините, додека свежиот лимон помага да се избалансира богатиот вкус на путерот. Јадењето е готово за околу 23 минути и е доволно за шест до осум лица. Може да се послужи самостојно или во комбинација со пилешко, риба или друг извор на протеини.

Состојки:

225 г тестенини во форма на панделки (фарфале), 4 главици брокула, 2 лажици путер, 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка ситно сечкан лук, кора од еден лимон, 1 лажица свежо исцеден сок од лимон, 1/2 лажичка свежо мелен црн пипер
Сол, рендан пармезан (по желба)

Подготовка:

Ставете големо тенџере со посолена вода да зоврие. Додадете ја брокулата и варете ја три минути, а потоа извадете ја со решеткаста лажица и ставете ја во голем сад.
Во истата вода сварете ги тестенините според упатството на пакувањето – околу 12 минути. Добро исцедете ги и додадете ги кај брокулата. Додека се варат тестенините, загрејте ги путерот и маслиновото масло во мало тавче. Додадете ги лукот и кората од лимон, па пржете околу една минута на умерено слаб оган. Тргнете го тавчето од оган, па додадете две лажички сол, бибер и сок од лимон. Прелијте го сосот врз тестенините и брокулата и добро измешајте. Додадете уште сол по потреба, посипете со пармезан и послужете веднаш.