
Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца.
Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од апстрактни линии, шарени детски цртежи и форми кои личат на спонтаните шкртаници што децата често ги цртаат со маркери и боички.
Овие цртежи беа основа за траен дизајн создаден од познатиот тетоважист Кит Бенг Бенг МекКарди, еден од најбараните тетоважистки меѓу светските ѕвезди.

Ријана сакаше да го зачува споменот на креативните моменти на своите најмали на посебен начин. Нејзините деца цртале на хартија користејќи маркери и налепници, а уметникот ги претворил нивните спонтани линии во уникатно уметничко дело на нејзиното тело.
Социјалните медиуми особено коментираа колку Ријана е посветена на мајчинството откако ги доби децата со раперот A$AP Rocky. Обожавателите веруваат дека со овој гест, таа покажа колку семејството ѝ значи и колку ужива да биде мајка.