Сандра Булок искрено за почетоците на нејзината кариера и одбивањето улоги: Ме замолија да ги соблечам панталоните

popara13 септември, 20261min00
b_260913041

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки што го промениле текот на нејзината кариера.

Таа ја започна својата актерска кариера кон крајот на 1980-тите, а голема популарност стекна во 1994 година со улогата во акциониот хит „Брзина“ (Speed). Во разговор со колешката Џенифер Анистон за списанието „Интервју“ (Interview), Булок се присети на животот во Њујорк на почетокот на кариерата, кога работела како келнерка и одела на бројни аудиции.

„Работев како келнерка во Њујорк и одев на аудиции кај секакви перверзњаци кои бараа од мене да ги соблечам панталоните. Мојот одговор беше: ‘Не, тоа не е улога за мене’“, изјави актерката, додавајќи дека повеќето актери на почетокот прифаќаат каква било работа од страв дека никогаш нема да добијат нова шанса.

Откако се прослави со улоги во романтични комедии како „Додека спиеше“ (While You Were Sleeping), „Мис таен агент“ (Miss Congeniality) и „Две недели за отказ“ (Two Weeks Notice), таа одлучи да направи радикална промена. Поради притисокот и критиките упатени кон жанрот што ја прослави, таа направи двегодишна пауза и се сврте кон посериозни драмски улоги.

„Многу е ризично да се каже: ‘Ќе ја напуштам она што изгледа како моја зона на удобност – комедиите – и ќе видиме дали ќе ме сфатат сериозно во светот на драмата’“, ѝ рече Анистон.

На тоа Булок одговори: „Сега тоа ми недостасува повеќе од кога било. Во моментов не сакам да работам ништо друго освен тоа“.

Пресвртна точка во нејзината кариера беше филмот „Судар“ (Crash) од 2004 година, со кој го покажа својот актерски опсег надвор од комедијата.

Актерката неодамна се врати на големото платно со улога во „Практична магија 2“ (Practical Magic 2), што е нејзин прв проект по четиригодишната пауза од филмот „Брз воз“ (Bullet Train) од 2022 година.