
Неделата на модата во Милано официјално започна.
Некои од најголемите ѕвезди и имиња од светот на модата, филмот, музиката и спортот се собраа синоќа во центарот на Милано за настанот „Волд Ворлд“.
Ова го означи почетокот на Неделата на модата во Милано, а многумина пристигнаа на престижниот настан што се одржа во Галерија Виторио Емануеле II, во познатата и најстара шопинг-зона во Италија.
По пистата прошетаа познати супермодели – од Адријана Лима и Ирина Шајк до Џиџи Хадид и Виторија Черети, а покрај нив и бројни други ѕвезди, од кои се издвои актерката и пејачка Џенифер Лопез .
Џеј Ло привлече внимание и блескаше во црна тоалета со длабоко деколте од Долче и Габана. Фустанот без прерамки во стил на корсет ги истакнуваше нејзината фигура и облини .
Иако самиот фустан беше најважниот дел од вечерта, не помалку впечатливи беа деталите што ги содржеше. Таа го комбинираше сето тоа со елегантни проѕирни ракавици и шпицести потпетици, додека сите очи беа вперени во сребрениот и смарагден ѓердан што го носеше. Во еден момент за време на ревијата, познатата пејачка стана, а еден од моделите од публиката ја заврте во центарот на галеријата.