Поточно, во текот на 33-годишна кариера, групата имала околу 50 хитови на различни музички топ листи, а денес немаат од што да се финансираат. Даночните службеници сега ќе ги запленат сите средства на членовите на групата, со цел да го наплатат долгот кој го имаат направено кон Велика Британија.
Судот во Бирмингем донел пресуда во корист на Даночната служба, и ја ставил под стечај групата, а подоцна на ликвидаторите им било дадено зелено светло за наплата на долговите со распродавање на расположливите средства на бендот, вклучувјќи ги авторските права за песната ““Red Red Wine””.
Бендот должи 57.000 £, а неговиот последен настап бил на истото место каде во 1978 година, го имале својот прв настап, во клубот “Hare and Hounds” во Бирмингем.