Натали Портман била фотографирана како ја напушта куќата на нејзини блиски пријатели во Холивуд, а во рацете го држела нејзиното машко бебе.
Оскаровката изгледала комотно и била облечена во џинс и карирана кошула, движејќи се со својот син Алеф кон автомобилот.
Натали во последно време не била многу присутна во медиумите, а пред извесно време престојувала во Франција заедно со својот син Алеф и нејзиниот вереник Бенјамин Милипи.