4) Joaquín Archivaldo Guzmán Loera
Најбараниот крал на трговијата со дрога во Мексико избега од затвор, пред една деценија криејќи се во камион во кој се пренесувале алиштата за перење. Неговото легендарно бегство секојдневно добива се поголема популарност. Сега тој достига ново ниво на слава или срам, откако беше ставен на 67-то место на листата за “Најмоќните луѓе во светот“ од страна на списанието Forbes. Војната за освојување на поголем терен која што Guzmán Loera во текот на две и пол години ја води со своите ривали, доведе до 11.000 жртви или во просек по 366 жртви месечно.
Неговата одмазда ја води повеќе од две децении, оставајќи трага од надгробни споменици кои претставуваа пресвртница во бизнисот со наркотици. Исто како Al Capone и Jesse James, Guzmán Loera стана народен нарко херој. Тој се има прославено и на YouTube со баладите кои беа напишани во негова чест од страна на познати музичари. Во Мексико, тој е познат како ” El Chapo”, термин кој што на мексикански сленг значи “низок и набит човек“.