Орландо Блум се до 13 годишна возраст мислел дека негов биолошки татко е Хари Блум, кој починал од срцев удар кога тој имал четири години, но тоа не е вистина.
“Ми беше многу чудно кога на возраст од 13 години открив дека Хари не ми е биолошки татко. Мајка ми тогаш ми призна дека нашиот семеен пријател Колин Стоун ми е вистински татко”, изјавил актерот за британските медиуми.
После почетната конфузија која ја имал, денес Орландо е во блиски односи со Колин, кој сега е многу среќен бидејќи Орландо му го поклони внукот Флин.