iPad 3 излегува во март идната година

popara26 октомври, 20111min00
ipad3-concept-5

Јапонскиот блог Macotakara, кој е специјализиран за информации за Apple, објави дека производството на iPad 3 почнува на крајот на јануари идната година, како и дека новиот таблет има нов, помал влезен конектор.

Новата генерација на таблет компјутери од Apple, кој за кратко време стана најбрзо пордаван гаџет во историјата, ќе има иста големина на екранот – 9,7 инчи. Како што пренесува Cnet, производството ќе започне на крајот на јануари поради прославата на кинеската нова година. Ова би можело да биде знак дека Apple има намера да го претстави iPad 3 негде во текот на март 2012, како што е традиција во последните 2 години.

Apple ги промени периферните приклучоци, т.н портови, за да ја намали дебелината на своите уради, и за да направи место за редизајн на внатрешноста на уредите. Промената на димензиите на iPod dock конекторот на новиот iPad 3 ќе биде некомпатибилен со сите верзии на iPod Touch, iPhone, како и претходните верзии на iPad. Macotakara ништо не пишува за тоа дали новиот iPad 3 ќе има Retina монтиор, како и iPhone 4 и iPhone 4S.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag