Откако на популарниот квиз „Кој сака да биде милионер?“, осовоила награда од 32.000 евра, Фридрих Милер добила отказ од компанијата каде работела како секретарка, бидејќи газдата сметал дека повеќе не и е потрбна работата.
„Требаше да дојдам на работа во 11 часот, но многу бев возбудена и среќна, па му пишав на шефот смс порака уште во 7:45, „Шефе каква е ситуацијата денес?“, изјавила Милер и додала дека одговорот кој стигнал по неколку минути исто така на смс ја шокирал.
„И онака имаш доволно пари, а јас немам за фрлање“, одговорил нејзиниот шеф, Салвадор С. 38 годишен сопственик на компанијата во која таа била вработена. Тој додал дека наместо неа на работа ќе дојде нејзината колешка.