Сакате ли да го смените имиџот и да го откриете сопствениот стил? Нашата галерија со фотографии “Улична & Парти мода”, може да биде вашиот извор за инспирација и нови идеи.
Еве и неколку од тајните за стилот:
Многуслојност – помага да го направите изгледот посложен и многу поинтересен.
Акцентирајте на аксесоарите – чевли, чанти, накит, шалови, колани, шапки. Тие не само што го надополнуваат изгледот туку се многу важни за целосниот имиџ. Понекогаш само аксесоарите го прават имиџот.
Малку фантазија – Понекогаш чантата и чевлите со иста боја делуваат банално. Бојата на чантата може да биде идентичен со бојата на некој друг аксесоар – колан, накит, или па со некое парче облека. На пример една црвена чанта ќе изгледа многу подобро со црвен колан, или црвен кармин или лак, отколку со црвени чевли.
Умереноста е многу важна – Добриот стил е оној кој нема потреба од додавање или одземање на елементи.
Шминката и фризурата се исто така важен дел од вашиот имиџ – не треба да ги заборавате.