Случајно го прегазила мажот, после кавга! :)

27 октомври, 20110
slsl

Една англичанка го прегазила сопругот, а потоа тврдела дека тоа било случајно.

Велика Британија: Сузан се расправала со својот сопруг. Тој заминал во паб, а таа тргнала по него. Го нашла спротивно од пабот, а потоа според нејзините зборови, случајно го прегазила.

Сузан Нокс, во септември минатата година се скарала со својот сопруг Ентони, а потоа тој заминал во паб. Кога малку се смирила по расправијата, Сузан ги ставила во автомобилот двете ќерки и заминала да го побара најде својот сопруг. Во пабот влегла, но од таму и рекле дека тој си заминал.

Кога излегла од пабот го забележала од спротива, сакала со автомобилот да му се приближи, но наместо тоа, таа го притиснала со гумите за оградата. Пристигнала брза помош и веднаш го префрлиле во болница, каде набрзо починал од внатрешни повреди и крварења.

Сузан сепак морала да се појави на суд, а судијата и одредил условна казна, бидејќи таа навела дека не го прегазила намерно својот сопруг.

„Ја предизвикавте смртта на сопствениот сопруг. Имате две деца кои еден ден ќе сфатат дека сте им го убиле таткото“, рекол судијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi