Кошули – основно парче облека за секоја жена!!!

popara28 октомври, 20111min00
kosuli

Иако во минатото кошулите биле резервирани само за мажите, денеска тие претставуваат основно парче облека за секоја жена. Дами ги сакаат кошулите бидејќи тие се лесно се комбинираат и одговараат на секаков стил, било да станува збор за бизнис или пак кежуал варијанта.

Кошулите може да се носат со здолништа, панталони, фармерки, хеланки, а нивната прилагодливост е нивна најдобра карактеристика. Многу дизајнери се инспирирани од ова парче облека, како што можевме да видиме во нивните најнови колекции.

Оваа есен, кошулите се неопходни во секоја комбинација. Познатите дизајнери ставија акцент на софистицирани модели, струкирани и закопчани до грлото, а се изработени од најразлични материјали. За ретро изглед се комбинираат со долги здолништа, но исто така совршено одговараат со панталони и хеланки.

Најмодерни се кошули изработени од транспарентни материјали со широки ракави, кои може да се носат во дневна или пак вечерна варијанта. Изберете долги кошули со набрани ракави или пак класични модели кои зрачат со женственост и сексипил. Може да изберете и карирани кошули во различни комбинации на бои, кои најмногу одговараат на фармерки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag