Сакате да дознаете колку оргазми имала некоја жена? Само погледнете го начинот на кој таа се движи.
Кога станува збор за нивното сексуално минато, повеќето жени сакаат да тоа да остане под превезот на мистерија. Но се чини дека самиот чин на кој тие одат може да биде доволен за да го откриете она кое тие се обидуваат да го скријат.
Според последните истражувања, оние жени кои се движат поенергично и послободно во животот доживеале повеќе оргазми. Оние кои се повкочанети и имаат постегнат став, искусиле значително помалку оргазми.
Белгиски научници спровеле анкета за сексуалниот живот на локалната женска популација, а потоа од далечина го набљудувале начинот на кој тие се движат Нивните движења биле анализирани од двајца професори за сексологија, кои немале никакви податоци за сексуалното минато на жените.
Истражувачите констатирале дека движењето на жените кои често доживуваат вагинален е енергично, сензуално, слободно и поопуштено. Резултатите од истражувањето покажаа дека жените кои имале повеќе оргазми генерално се посигурнии и гледаат на позитивната страна на животот.