Апчињата за контрацепција се опасни за жените???

popara30 октомври, 20111min00
apcinja kontra bebi

Резултатите од последните истражувања покажуваат дека контрацептивните апчиња “Џез” и “Јасмин” на германската фармацевтска компанија “Баер” може да го загрозат здравјето на жените.

Апчињата за контрацепција, кои содржат синтетички хормон “дроспирерон” може да го зголемат ризикот од крвен притисок за 1,5% во споредба со апчињата кои го содржат хормонот “левоноргестрел”, покажа резултатите на американската Управа за контрола на храната и фармацевтски производи (FDA).

ФДА дошле до овој заклучок врз основа на анализа на резултатите од истражувањето спроведено над 800.000 жени кои  користат различни форми на контрацепција. Истражувањето траело во периодот од 2001 до 2007 година.

Според ФДА, апчињата “Џез” и “Јасмин” се лошо дозирани контрацептивни пилули кои содржат “дроспиренон” и “етинилестрадиол” (естроген кој се користи во оралните контрацептиви), иако се меѓу најпродаваните апчиња за контрацепција.

“Џез” и “Јасмин“ и порано беа обвинети за несакани ефекти. Во САД дури 129 жени ја тужеле  компанијата “Баер”, тврдејќи дека  употребата на нивните апчиња за контрацепција има сериозни негативни последици врз здравјето на жените кои ги користат.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag