Јапонскиот дизајнер Мио Изава дизајнираше полнач за мобилен телефон кој изгледа како папочна врвца. Додека телефонот се полни, полначот го придвижува телефонот.
Мислењата за овој нов изум се поделени. Некои сметаат дека тоа е бизарен изум, некои сметаат дека е нешто ново, а некои пак мислат дека движењето на телефонот додека се полни може да предизвика само гребење на телефонот.