Гвен Стефани даде милион долари за помош на Јапонија
24 март, 20110

Гвен Стефани е една од многуте ѕвезди кои ги погоди несреќата на Јапонија и решија да помогнат. Таа издвои милион долари кои ги донираше за настраданите од земјотресите и цунамито. Освен тоа, таа еден дел од својата модна колекција ја стави на он-јалн продажба а собраните средстав исто така ќе бидат наменети за Јапонија.
Освен неа и актерката Сандра Булок даде милион долари за помош на Јапонија. Клинт Иствуд и Ворнер Брос најавија дека целата заработувачка од продажба на филмот “Hereafter” ќе ја донираат на Јапонија.