Мисионери на Гадафи контакирале со САД

24 март, 20110
mgadafi
Блиски луѓе на либискиот лидер Моамер Гадафи воспоставиле контакт со американските власти, и побарале излез за кризата во Џамахиријата, објави Франс Прес повикувајќи се на изјава на Денис МекДоноу, советник на претеседателот на САД, Барак Обама, пренесува Нетпрес.
“Не би се изненадил, ако некој, под силен притисок, направил обид за воспоставување на контакт, барајќи врати за излез. Но, нема да навлезам во детали“, рекол МекДокоу за Ем-Ес-Ен-Би-Си, кој ја обавува функцијата заменик на претседателскиот советникк за национална безбедност.
Друг висок американски функционер за АФП изјавил дека во изминативе денови неколку либиски претставници побарале контакти сo Стејт Департментот. Меѓу нив биле миинстерот за надворешни работи, Муса Куса, како и зетот на Гадафи, Абдула Сенуси, раководител на една од разузнувачките служби.
Американскиот државен секретар, Хилари Клинтон, на 19 март, годинава, изјави дека со започнување на воздушните напади врз Либија ќе има дезертери од редовите на Гадафи. Вчера, пак, таа рече дека блиски соработници на либискиот водач побарале контакти во странство, за да се изнајде излез од кризата.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *