Непосредно пред Ноќта на вештерките, се повеќе се зборува за тикви. Но, тие можат да послужат и за други намени.
Британецот Робин Апрон и десетте негови поддржувачи создале феноменален поглед од 600 тикви. Всушност, Апрон ова го работи веќе 43 години пред Ноќта на вештерките, а неговите дела привлекуваат голем број на туристи во Западен Сасекс.
Оваа година го “насликал” камионот натоварен со тикви. Традицијата започнала во 1968 година кога покојниот татко на Робин одлучил на оригинален начин да ги продаде тиквите кои ги одгледувал во градината. Од тогаш делата му стануваат се поатрактивни и привлекуваат се поголем број на луѓе.
“Тиквите обично остануваат изложени до средината на ноември, но тоа сепак зависи од временските услови”, пренесува Daily Mail.