Атлантис хотелот во Дубаи е еден од најубавите и најлуксузни хотели во светот. Зафаќа површина од 113 хектари и е лоциран во Palm Jumeirah. Хотелот може да се пофали со 1539 необично убави соби, поради неверојатниот поглед во длабочините на морето.
Нептун и Посејдон се ексклузивните апартмани на Атлантис со воден кревет, две спални соби и со поглед во подводниот свет на на „Амбасадор лагуната“.
Поглед на море…„Амбасадор лагуната“ е прозорец кон чудата на океанот и го зафаќа централниот дел од Атлантис. Голем дел од собите во хотелот како и рестораните и другите простории за релаксација имаат ваков необичен „прозорец“ кон морските длабочини, што го прави хотелот Антлантис навистина единствен во светот.