Влијае ли храната на плодноста?

popara6 ноември, 20111min00
Ready Foods Vegetables

Пронајдете ја здравата алтернатива за шеќер, масло, чипс и газирани пијалоци

Да се биде родител е важна животна улога кон која се стремиме сите. Родителството за многумина е многу важен сегмент во стремежот за постигнување на животното задоволство, среќа и чувство на исполнетост. Сепак, милиони парови се сретнуваат со неплодност, а нивната бројка расте во последниве години.

Приближно 26% од двојките се борат против неплодноста, која се појавува и кај мажите и кај жените. Овие парови не можат да ги почувствуваат ниту пак да уживаат во улогата и блаженството на родителството. Според најновите истражувања 30-40% жени кои не можат за забременат по неколку обиди, паѓаат во депресија.

Денес живееме брз и стресен живот, постојано сме во движење. Таквиот начин на живот наложува консумирање нездрава, односно брза храна. Еве неколку штетни намирници кои се сѐ повеќе застапени денес, како и соодветна замена за истите.

Газирани пијалоци

Научно е докажано дека консумацијата на газирани пијалоци го намалува квалитетот на спермата. Здравата алтернатива се свежи и природни сокови. Потоа, сок од листови од пченица, кој е богат со A, B, E, F и K витамин, со многу минерали и ензими, како и хлорофил и како таков влијае позитивно на машкиот и женски стерилитет.

Чипс

Во состојките на чипсот е најден акриламид, за кој е познато дека предизвикува рак и неплодност. Се смета дека акриламидот се создава кога храната се пржи, каков што е случајот со чипсот. Здравата замена за ова се најразлични семенки. Заради тоа, се препорачува машките да ги консумираат често, имајќи на ум дека играат важна улога во одржувањето на здрава сперма и придонесуваат на плодноста кај машките.

Маргарин, рафинирани масла

Тука спаѓаат трансмасните киселини, кои покрај останатите штетни влијанија, го зголемуваат и ризикот од ендометриоза (раст на слузницата на матката, надвор од неа, што предизвикува неплодност). Здрава алтернатива за ова е масло од семенки кои содржат белковини, јаглени хидрати, минерали, есенцијални масни киселини, како и витамини B, C и Е. Особено присуството на витаминот Е влијае позитивно на плодноста кај двата пола.

Бел шеќер

Белиот шеќер е хемиска супстанција, чиста сахароза која е лишена од нечистотии, витамини, ензими и сите витални елементи. Тој всушност претставува опасност по човечкото здравје. Се претпоставува дека 70% од денешните болести се предизвикани токму од белиот шеќер, а меѓу сите нив е и неплодноста. Здрава алтернатива е медот, кој е познат како лек за многу болести. Комбинацијата од мед и цимет во земјите од Блискиот Исток е позната како најдобар лек против неплодноста кај жената.

Со правилната исхрана можеме да решиме многубројни нерамнотежи во организмот, а меѓу нив и неплодноста. Се разбира, за да бидете во потполна хармонија со вашето здравје, покрај правилната исхрана треба и да вежбате.

Бидете позитивни, хранете се правилно, дишете правилно и уживајте во вашето здравје!


 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag