Го „исчистила“ музејот за 800 илјади евра! :)

popara6 ноември, 20111min00
111104121

Хигиеничарката која работи во еден музеј во Дортмунд успеала да го избрише она за што таа сметала дека е валкана боја на една уметничка инсталација. Тргајќи ја нечистотијата, не сфатила дека всушност тоа е уметничко дело – скулптура вредна 800.000 евра.

„Милела дека ја врши својата работа, а наместо тоа уништи вредна уметничка скулптура. Сега веќе е доцна и невозможно да се врати делото во првобитната состојба. Уништено е засекогаш“, изјавила Дагмар П. Портпаролка на музејот.

Скулптурата со име „Кога ќе протече од таванот“ е дело на покојниот Мартин Кипенбергер кој го направил делото во 1987 година. Скулптурата била позајмена за во музејот, инаку е дел од приватна колекција.