Мел Гибсон бил виден во Беверли Хилс како се бакнува со непозната убавица која многу потсетува на Оксана, а само неколку дена порано бил виден со друга русокоса девојка на интимна вечера.
Актерот бил излезен со убавата бринета на романтична вечера во l’Ermitage Hotel, и на излегување од хотелот ја прегрнал и бакнал. Двајцата изгледале многу блиски, но се чини дека Мел во моментов излегува со повеќе жени. Пред неколку дена бил виден во ресторан во Малибу со атрактвина плавуша. Парот бил виден како излегува по вечерата и заедно влегле во автомобилот на Мел. И покрај фактот дека Гибсон има лоша репутација, поради агресивните испади врз поранешната свршеница, на некои жени изгледа тоа не им пречи и секогаш се подготвени да излезат со овој познат актер.