Јогата е природен начин на вежбање кој ќе ви помогне да се ослободите од болката и да достигнете хармонија на телото и духот. Истражувањата покажуваат дека оние кои практикуваат која покажуваат значително подобрување по три месеци на вежбање, особено ако станува збор за хронична болка.
Практикувањето на јога е особено ефикасно за оние кои страдаат од болка во долниот дел на грбот. Со редовното вежбање не само што ќе ја отстраните болката, туку најверојатно ќе изчезне и самиот проблем од кој потекнува болката.
Во едно истражување за ефектите на јогата биле вклучени 228 луѓе кои биле поделени во три групи. Првите две групи редовно присуствувале на часови за јога или истегнување, додека на третата група им биле дадени книги за вежби за олеснување на болките во грбот и совети за здрав начин на живот.
Повеќето учесници од првите две групи пријавиле значително подобрување, па дури и целосно исчезнување на болката.Дури 60% од припадниците на првите две групи кои практикувале јога се чувствувале многу подобро, за разлика од припадниците на третата група, каде само 16% пријавиле подобрување на состојбата.
По три месеци, резултатите на првите две групи биле навистина одлични, додека припадниците на третата група сеуште значително заостанувале во отстранувањето на болката.
„Без разлика дали станува збор за јога или истегнување, луѓето со хронични болки во грбот треба да имаат редовна физичка активност“, вели д-р Тимоти Кери од универзитетот во Северна Каролина, кој учестувал во спроведеното истражување.