Куче спасено по 40 часа поминати под земја!

popara7 ноември, 20111min00
3

Во еден мал италијанскиот град, кучето Џери, од расата шпаниел, било спасено по 40 часа помианти под земја, благодарение на соседите кои го чуле цивкањето на кутрето и повикале помош.

Газдата на кучето, го закопал околу пола метро под земја и потрупал со цигли. Многумина веднаш изјавиле дека тој човек треба да оди во затвор, поради ваквиот ужас кој му го сторил на својот миленик.

„Беше многу болно да се види вакво убаво животно, кое беше малтретирано на еден ѕверски начин“ изјавил еден од спасувачите.

Наводно, газдата изјавил дека мислел дека кучето е мртво и фактички тој сакал да го погреба миленикот, но сепак бил обвинет суровост.

„Газдата на кучето ќе биде обвинет за намрено малтретирање на животното, а ако биде осуден ќе го загуби правото да поседува било каков домашен миленик повторно“, изјавил портпаролот на обвинителството.

Кутрето Џери веднаш било однесено во ветеринарна амбуланта, каде поврдите му биле излекувани и моментално се опоравува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma