Внимание: диетата е знак за крај на врската???

popara8 ноември, 20111min00
vnimanie

Кога вашиот партнер одеднаш се обидува да ослабне и држи диета и оди на фитнес, треба да бидете внимателни. Истражувањата покажаа дека зголемениот интерес околу физичкиот изглед и слабеењето се знаци кои укажуваат дека можеби на љубовната врска и е дојден крајот.

Според податоците од истражувањето спроведено на универзитетот во Хајделберг,   среќни парови не грижат многу за физичкиот изглед и вишокот на килограми. Партнерите кои одеднаш почнуваат да покажуваат интерес за фитнес и слабеење го подготвуваат теренот за ракинување на врската и сакаат да станат попривлечни за спротивниот пол, тврдат научниците.

„Луѓето кои се среќни и имаат стабилни врски генерално не чувствуваат потреба да се променат на било кој начин, дури и физички. Ако вашиот партнер одеднаш почне радикално да го изгледот, тоа е причина за паника“, вели доктор Томас Клајн од универзитетот во Хајделберг.

Клајн  додава дека има случави каде што и двајцата партнери не се задоволни со нивниот изглед, па заедно се обидуваат да се подобрат, што е искуство кое уште повеќе ги поврзува.

Во истражувањето спроведено врз повеќе од 2.000 испитаници на возраст од 16-55 години, било откриено дека лицата кои се во врска се подебели од оние кои се сингл, а сакаат да ослабнат со единствена примарна цел – да бидат поатрактивни за  потенцијалните партнери.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag