
Познатиот актер Антонио Бандерас е одушевен од тенисерот Новак Ѓоковиќ. Актерот вели дека го обожува “белиот спорт”, и страсно навива за Ноле секој пат кога тој е на теренот.
“Го почитувам Новак и го обожувам. Нормално дека секогаш сум навивал за шпанците, особено за Надал, но кога Ноле беше трет на АТП листата, желно очекував да се качи на врвот. Едноставно ми е драг некако. И тоа што најмногу ме зачуди е фактот кога Новак го симна Рафа од врвот, мене не ми беше криво. ”, изјавил Бандерас.