Концентрациониот логор Аушвиц, на 70 км од Краков, денес е музеј и место каде почиваат над еден милион мажи, жени и деца. Ќе ги видите потресните гасни комори, редиците бараки каде во почетокот биле затварани полските политички затвореници, а понатака и чеси, руси, и се разбира цигани и евреи од цела Европа. Гасните комори во почетокот биле испробувани врз советските војници, а после тоа воведени за масовна употреба за истребување на евреите. Нацистите го нарекувале ова „специјална акција“ или „специјално третирање“ за да се прикрие се до последното извршено тука истребување.
Ќе видите фотографии на жени и деца и конзервите со отровниот гас „Циклон-Б“, но ништо не е толку морбидно како купиштата човечки коси, чевли и очила, останати од депортираните. Аушвиц не треба да остане само спомен за човечко уништување, туку треба да стане центар за обновувавање на човечките односи, тоа е најважното.