Уметникот Спенсер Туник ги документира живите голи тела во јавност, со фотографија и видео, уште од 1992. Од 1994, па до денес, тој организирал над 75 привремени „инсталации” во САД и странство. „Инсталациите” на Туник се дузина, стотици, или илјадници волонтери, а неговите фотографии всушност се докази за овие настани.
Индивидуите, во маса, без облека, групирани заедно се преобразуваат во нов облик. Телата стануваат составен дел на пејзажот. Овие групирани маси кои не се поврзани со сексуалноста, стануваат апстракции кои го предизвикуваат или реконфигурираат гледиштето за нудизмот и приватноста. Погледнете ги овие неверојатни фотографии.