
Водопадите Агуа Азул наречени уште „Сината вода“ се наоѓаат во срцевината на мексиканската тропска џунгла. Водопадот и тропските гори околу него се објавени за природен резерват од Мексиканската Влада во 1980 година, а покасно и за важен биосверен резерват.
Пенливите лазурни води на Агуа Азул заобиколени од длабокиот зелен фон на џунглата се една од најатрактивните природни убавини во Мексико и ако имате можност не ја пропуштајте шансата да ги посетите.









