Произведено виски без алкохол!?! Е која е поентата??? :)))

popara15 ноември, 20111min00
viski

Ви го претставуваме првото виски кое не содржи алкохол. Производителите велат дека е наменето за луѓе кои не пијат алкохол од верски, здравствени или лични причини. Се прашуваме, која е поентата на вискито, затоа што оние кои не пијат алкохол можат слободно да се напијат сок??? Останува одговорот дека ова виски е наменето за позери 🙂

Наместо преку нормалниот процес на дестилација, вискито “Арката” е создадено со додавање на вештачки ароми, што значи дека е 100% безалкохолно. Вискито се продава во шишиња и лименки, што е сосема лудо, но претпоставуваме дека така им било полесно да го пакуваат!

Се разбира, кога ќе купите виски во лименка, тоа значи дека ќе мора да го испиете цело, бидејќи лименката не може повторно да ја затворите. Значи, луѓето кои не пијат алкохол, а сакаат да пијат виски, ќе мора одеднаш да испијат 350 мл. безалкохолно виски??? Навистина чудна замисла, ама со ова се докажува дека секоја глупост се продава!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma