Доаѓа зима, а со тоа и „мрзата“ која ги зафаќа сите, па не е ни чудно што многумина се здебелуваат во студените месеци. И луѓето знаат да бидат во зимски сон. Кога ќе дојде лето сите се многу поактивни, затоа што денот е подолг, времето е топло и има огромен број на активности кои може да ги правиме. Но како да останеме фит во текот на целата година?
Користете ги сончевите денови: И во зима има убави сончеви денови, па не пропуштајте да одите на прошетка или на џогинг.
Вежбајте секој ден по малку: Одвојте 15 минути во текот на денот и направете ги вашите омилени вежби:
Скали наместо лифт: Доколку секој ден се качувате по скали наместо со лифт, ќе забележите огромна разлика во изгледот, но и во кондицијата.
Снајдете се: Ако немате тегови, наполнете шишиња со вода и користете ги за вежбање.
Автомобилот е проблем: На студеното време сите сакаат да одат со автомобил. Она што може да го направите е да паркирате подалеку за повеќе да одите пешки.
Паркирајте подалеку и одете повеќе тешки, не висите цел ден на компјутер, користете ги скалите наместо лифтот…