Шест најголеми заблуди за сексот

popara17 ноември, 20111min00
sest seks

Дечки, мислите дека знаете се за сексот? Мажите имаат тенденција да го гледаат сексуалното искуство преку „очите“ на порно филмовите. Точно, некои трикови може да ви помогнат, но реалноста е сосема поинаква. Кои се најчестите заблуди на мажите кога станува збор за секс?

Знам што сака таа: Мажите често претпоставуваат дека знаат што сакаат жените од искуство со други жени. Но, иако „стратешките точки“ на женското тело се исти, тоа не значи дека вашата сегашна партнерка ја возбудува истото како и претходните.

Имам се што и треба: Постои една непобитна вистина – ниту едно машко не може да и даде на една жена задоволство како што може вибратор. Затоа, не се лутете доколку вашата партнерка користи вибратор. Сфатете го како сојузник, а не како ваша замена.

Сексот е ист за мажите и жените: Мажите мислат дека жените уживаат во сексот на ист начин како и тие. Сепак, за разлика од мажите кои можат да се „запалат“ за една секунда, на жените им е потребно повеќе време и долга предигра.

Совршено го познавам нејзиното тело: Повеќето мажи знаат што е клиторисот и каде се наоѓа, но ќе се изненадите колку мажи не знаат колку е чувствителен и како се допира. Секоја жена сака различен допир, па како да дознаете што сака вашата партнерка? Обидете се на неколку начини, а таа ќе ви покаже кој начин најмногу и се допаѓа.

Знам кога е расположена за секс:  Момците мислат дека жената е расположена и подготвени за акција, доколку е доволно влажна. Сепак, не секогаш станува збор за „напаленост“, бидејќи влажноста на вагината зависи од менструалниот циклус на жените и е подложна на влијание на стрес и лекови.

Тишината е златна: Момците често сметаат дека треба да се молчи за време на сексот, но ако не зборувате со партнерката нема да знаете што сака таа. Верувајте дека краток разговор ќе ви разјасни некои работи и значително ќе ви го подобри сексот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma