Белците за прв пат не се мнозинство во Бразил, според првичните резултати од минатогодишниот попис на населението во оваа земја, пренесува Би-Би-Си.
Од 191 милиони бразилци, 91 милион се белци, 82 милиони се мешани раси, 15 милиони се црнци. Белците на пописот од 2000 година сочинуваа 53,7% од вкупната популација, а сега тој процент опаднал на 47,7.
Ова е прв пат белото население во Бразил да падне под 50% застапеност, изјавил Бразилскиот институт за географија и статистика.
Бразил е една од земјите во кои има најразличен етникуми во светот, многу бразилци својата земја ја сметаат за расна демократија во која не постои расизам.