Пејачката Лили Ален и нејзиниот вереник Сем Купер ќе стапат во брак на 11-ти јуни оваа година во Лондон.
Во текот на неделава беа испратени и поканите до гостите. Поканите кои се избрани се оригинални како што е и самата Лили.
Фотографијата на поканата е фотомомнтажа од двајца старци кои седат на нини трактор, и лицата се заменети со лицата на Лили и Сем. Тие изгледаат како старци кои одат на нива да култивизираат земја.
За најголемиот ден на Лили, венчаницата ќе ја дизајнира Карл Лагерфилд со кого таа имаше неколку соработки.