Дизајнерот Том Форд во еден магазин даде неколку совети. Тие не се однесуваат само на правилата за облекување, туку и за тоа како треба да се однесува еден модерен маж.
1. Секогаш бидете најдобра верзија за себе. Ова правило важи и за облеката и за однесувањето. Кога сте меѓу луѓето бидете во најдобра верзија, така ќе покажете почит кон луѓето околу себе.
2. Мажите мора да бидат страствени, ангажирани и да допринесуваат на заедницата. Том смета дека мажот кој не работи и не допринесува за заедницата е досаден маж. Но, при тоа освен тоа што треба да биде посветен на работата треба да се посвети и на семејството или партнерката.
3. Јас секогаш ја отварам вратата на жената. Треба да се има убави манири, без разлика дали станува збор за маж или за жена.
4. Не треба да им судите на другите. Луѓето не треба да судат за тоа како некој се однесува, за етничката припадност или сексуалната ориентација и генерално за туѓото минато.
5. Мажот не смее да си дозволи да излезе со кратки панталони и флип-апостолки. Тоа може да се облече за на плажа или тенис. Но модерниот маж на прошетка не смее да се појави во вакво издание.