Пато погодоците против Интер и ги посветил на ќерката на Берлускони?!

popara4 април, 20111min00
1

Овој фудбалер не ги заведува девојките на типичен, фудбалерски начин. Тој има свој стил.

Уништи го најголемиот ривал со два гола во победата од 3:0 и тогаш посвети и ги погодоците на ќерката на претседателот на својот клуб, а воедно и најмоќниот човек во Италија.

Оваа 2011. година почна да се “шушка” за тоа дека 21-годишниот Бразилец Пато, напаѓачот на Милан и шест години постарата Барбара, ќерка на Силвио Берлускони, се во страсна врска, а ако беше дилема дали е тоа трач или вистина -сега повеќе недоумица не постои.

“На кого му ги посветувам погодоците? Па, сите видовте на кого…”, – им одговорил Пато на новинарите по миланското дерби меѓу Милан и Интер (3:0), знаејќи дека веќе сите го забележале дека се појавува со Барбара.

Тој не сакал да ја коментира својата врска со атрактивната русокоса, па додал:

“Погодоците им ги посветувам и на оние кои секогаш беа овде, на стадионот и кои навиваат за Милан, дури и кога работите не одат најдобро” – ја насочил Пато приказната на фудбалска страна.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag