Ќе стане ли Гадафи жртва на своите синови?

popara4 април, 20111min00
163250464
Двајца од седумте синови на Моамер Гадафи предлагаат Либија да премине во конституционална демократија, која предвидува симнување на нивниот татко од власт, пишува во своето денешно издание “Њујорк Тајмс“, пренесува Нетпрес. Овој предлог фрла нова светлина врз внатрешната динамика во семејството Гадафи, во момент кога полковникот многу се потпира на своите синови.
Лишен од еден од најдоверливите луѓе, Муса Куса, кој пребегна во Велика Британија, и изолиран со децении наназад, поради обидите за преврат на власта и внатрешните раздори, тој на своите синови гледа како на блиски соработници, советници и воени команданти, коментира весникот. Но, мирниот план потенцира различности меѓу синовите на Гадафи-додека Саиф и Саади тежнеат кон западниот стил на економско и политичко отворање, Хамис и Мутасим се цврсто определени хардлајнери. Хамис раководи со милицијата, чија цел е потиснување на немирите во земјата. Мутасим, кој е советник за национална безбедност, се смета за најголем конкурент на Саиф за наследување на власта од татко си. Додека Саади – фудбалер, воено лице и бизнисмен-цврсто го поддржува прозападниот план.
Саиф и Саади “сакаат да продолжат со промените во земјата“, без нивниот татко, рекол за “Њујорк Тајмс“ нивни близок пријател, кој барал да остане анонимен поради страв од репресии. Според него, двајцата урнале толку многу бариери во борбата со старата гарда, што ако продолжат за кусо време ќе ја “издигнат земјата“.
Нивниот пријател рекол дека едниот од нив двајца многупати кажал:
“Барањата на востаниците се и мои“.
Но, и покрај гласините за внатрешни несогласувања изгледа дека полковникот Гадафи продолжува да е убеден дека востанието е плод на надворешна конспирација на исламски радикали и западните сили, жедни за либиската нафта, рекол анонимен дипломат за “Њујорк Тајмс“.
Во меѓувреме, пак, востаниците продлужваат да настојуваат за отстранување од власта на Гадафи и на неговите синови, напоменува весникот.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag