Преубавата млада британска манекенка Габриел Џозеф извршила самоубиство откако нејзниото момче и го откажал состанокот. Манекенката се фрлила под воз откако момчето и испратило порака дека нема да стигне да дојде во кино. „Вечерва ќе се убијам“, напишала манекенката на својот фејсбук профил вечерта пред да го изврши самоубиството.
Габриел градела успешна кариера и била заштитно лице на неколку компании. Таа се вознемирила околу осум часот вечерта, откако момчето и го откажал состанокот.
Само 75 минути подоцна таа била мртва, бидејќи им подлегнала на повредите откако се фрлила под воз, недалеку од својот дом. Покрај успехот во манекенството, девојката била примерен ученик и во училиште, имала само петки, а потекнувала од нормално и стабилно семејство.