Јапонскиот професор Масајоши Канох направил робот „бејбилоид“ кој може да ги емитира звуците на бебе и да ги олесни симптомите на депресија, пред се кај постарите лица.
Роботот има две црни точки кои трепкаат како очи и мала усна која се смее.
Образите содржат LED технологија и стануваат црвени кога роботот е задоволен, а сини кога е несреќен.
Како и сите мали деца, роботот плаче и сака да го држат во раце за да се смири и да заспие. Цената на овој прототип изнесува околи 19.500 евра. Но, професорот Канох се надева дека ќе може да го произведува и да биде достапен за пониска цена од околу 195 евра.