Кражба со кражба се враќа! :)

popara21 декември, 20111min00
l

Додека ги апселе за кражба, некој им го украл автомобилот.

Корин Ванаутен (47) и Елдон Александер (36) од Јута, се обиделе од супермаркет да украдат шминка, батерии и чоколади, но обезбедувањето ги забележало како сомнителни и биле задржани на разговор во канцеларијата на менаџерот.

Обезбедувањето во меѓувреме повикало полиција која им напишала прекршочни пријави на двајцата мажи поради обид за кражба. Кога завршила процедурата тие тргнале кон својот автомобил, но имале што да видат.

Додека тие „оперирале“ во супермаркетот некој им го обил автомобилот и им го украл. За да биде иронијата уште поголема, кражбата на автомобилот ја пријавиле веднаш на полицајците кои пред само неколку секунди им напишале пријави за кражба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag