Столарот Ли Шингванг (48) од Кина, ја ставил шајката во уста меѓу забите и ја држел додека рацете му биле зафатени, но добил напад на кашлица.
Случајно земал длабоко воздух и ја голтнал шајката. Во паника веднаш заминал во локалната болница каде лекарите констатирале дека шајката му е во левото белодробно крило.
Лекарот Ху Ке веднаш го започнал зафатот за да му ја отстрани шајката на несреќниот столар со помош на бронхоскоп, но во моментот кога требал да ја извлече шајката од неговата уста, Ли повторно се закашлал и повторно ја проголтал шајката.
Лекарот повторно почнал да ја вади шајката, но повторно без успех бидејќи, Ли неможел да ја контролира кашлицата и повторно ја проголтал шајката.
Третиот пат, шајката завршила во стомакот на Ли, од каде лекарите успеале да ја извадат со помош на гастроскопска алатка.