Љубовницата на Берлускони роди дете??? Епа сега ова од кого е :)))

popara21 декември, 20111min00
berlusconi

Мароканската тинејџерка која се најде во средина на секс скандалите со поранешниот инталијански премиер Силвио Берлускони родила дете од два пати постариот сопственик на клуб, известуваат италијанските медиуми.

Танчерката, позната по своето “уметничкото” име “Руби срцекршачка”, имала само 17 години кога Берлускони и платил за секс минатата година.

Ако 75 – годишниот поранешен премиер се прогласи за виновен ќе биде сооќен со 12 години затвор поради злоупотреба на власта откако наводно ја искористил својата положба за Руби да ја ослободи од притвор.

Обвинителството тврди дека Берлускони и платил на Руби за сексуалните услуги неколку пати помеѓу февруари и мај 2010 година. На судењето, кое е во тек, полициски службеник на почетокот на овој месец сведочеше дека Руби работела како проститутка.

Берлускони ги негирал сите точки на обвинанието и изјавил дека на Руби и дал пари со цел да и помогне, бидејќи била во многу тешка финансиска ситуација, и интервенирал околу нејзиното апсење затоа што се верува дека таа е внука на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарк.

Судењето започна порано оваа година додека Берлускони бил на власт, но било одложено за неколку месеци со барања од страна на одбраната на Берлускони.

Извештаите велат дека детето и мајката се во добра здавствена состојба, а таткото, 42- годишниот Лука Рисо, кој е сопственик на дискотека во Џенова во северна Италија каде Руби работела, вели дека неговата среќа неможе да се опише со зборови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma