Докторот на покојниот крал на поп музиката, Мајкал Џексон пред судот излезе со теорија дека Мајкал Џексон пред смртта должел 500.000.000 долари. Тој тврдел дека Џексон се самоубил токму поради тој факт.
Обвинителството пак смета дека доктор Конрад се обидува да ја отргне вината од себе, обвинувајќи друг. Тие и понатаму го обвинуваат за тоа дека тој му дал преголема доза на пропофол на Џексон и по тоа не бил до него да го надгеледува. Тие исто така сметаат дека тој е виновен бидејќи не му пружил помош на Џексон во неговиот дом, пред да настапи смртта.